Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Web Analytics
Cookie Policy Terms and Conditions Аикидо - Википедија

Аикидо

Од Википедија, слободна енциклопедија

Аикидо борци
Аикидо борци

Аикидо (合気道 Aikidō, или 合氣道) во буквално значење „Начин на хармонизирање со енергијата“ е модерна јапонска боречка вештина. Основана е во периодот од 1930. до 1960.годинa од г. Морихеи Уешиба (Morihei Ueshiba) (наречен од аикидоките - О сенсеи - што во превод значи Големиот учител). Технички, главните делови на аикидото се превземени од Daitō-ryū Aiki-jūjutsu (大東流合気柔術) , една врста на џуџуцу со многу придружни техники од кенџуцу (剣術, kenjutsu) - јапoнски вештини со меч. Една од позначајните причини за остварувањето на посебност на аикидото во однос на другите боречки вештини, е влијанието од сектата Оомото Кјо – Шинто огранок, чиј што член бил Морихеи Уешиба. Поради влијанието што Шинто религијата го имала за негово создавање, многумина мислат дека аикидото е нејзин израз, но тоа не е точно, за што ни сведочи и неговата распространетост ширум светот. Религијата е нешто што е потполно одвоено од аикидото.

Оној што вежба аикидо се нарекува аикидока.


Содржина

[уреди] Поимот аикидо

Јапонскиот збор аикидо е составен од три слога,

  • - аи - складно здружување, хармонизација
  • - ки - енергија
  • - до - начин

Името потполно ја изразува смислата на оваа боречка вештина, а тоа е принципот на неотпор. Овој принцип подразбира аикидоката да не се потпира на својата физичка сила во текот на борбата туку со точни и навремени движења да успева да ги пренасочува нападите на противникот не блокирајќи ги и не судирајќи се со нив.

[уреди] Историјат

Аикидото е резултат на синтезата од боречки вештини кои основачот ги совладал во текот на својот живот и на влијанието од неговите идеолошки гледишта и определби. Денес, бидејќи практикувано насекаде во светот, аикидото еволуира и постојано се преиспитува и се здобива со нови значења и изрази.

[уреди] Искуството во боречките вештини на основачот на аикидото

Аикидото го создал Морихеи Уешиба (盛平 植芝 Morihei Ueshiba, 14 Декември 1883 - 26 Април 1969), кој поради тоа бил наречен „О сенсеи“ (Големиот учител). Уешиба го развил аикидото во периодот од касните дваесетти (1920) до крајот на триесеттите години (1930) на 20-тиот век, така што го соединил знаењето стекнато учејќи постари боречки вештини. Јадрото или основата на аикидото произлегува од боречката вештина „Даито рју аики-џуџуцу“ (Daito-ryu aiki-jujutsu), која Уешиба ја учел директно од Такеда Сокаку (武田 惣角 Takeda Sōkaku, 1859-1943), првиот кој оваа вештина почнал да ја подучува надвор од кланот Такеда. Дополнително, познато е дека Уешиба учел и Тенџин Шинјо Рју (Tenjin Shin'yō-ryū) кај Тозава Токусабуро (戸沢 徳三郎 Tozawa Tokusaburō, 1848-1912) во Токио во 1901, Јагју Шинган Рју (Yagyu Shingan-ryū) кај Накаи Масакатсу (中井 正勝, 1891-1908) во Осака од 1903 до 1908, и Џудо кај Кијочи Такаги (高木 喜代子 Takagi Kiyoichi, 1894-1972) во Танабе во 1911.

Понатаму, вештината ја збогатил додавајќи и движења превземени од користење на копје, стап и можеби и бајонет, но најголемо влијание извршило неговото познавање на користење на меч, катана. Може да се каже дека еден аикидока се движи како невооружен мачувалец.

Уешиба се доселил на Хокаидо во 1912, каде што од 1915 почнал да тренира кај Такеда Сокаку. Неговата официјалана поврзаност со Даито Рју подолжила до 1937. И покрај тоа, во последните години од тој период, Уешиба почнал да оформува свој стил. Во тоа време, за неговата вештина тој го употребувал името „Аики-Будо“. Непознато е кога точно Уешиба почнал да го користи името „Аикидо“, но официјално е усвоено во 1942 година, кога Јапонските официјални органи (Dai Nippon Butoku Kai) го признале како такво.

[уреди] Распространување на аикидото

Аикидото стигнало во Велика Британија 1955.година, во САД 1960., во Австралија 1965, и во Македонија 1989. Денес, ширум светот, постојат голем број на клубови во кои може да се тренира аикидо.

[уреди] Техники

Техниките на аикидото содржат удари, фрлања и лостови, всушност сѐ она што би се користело во борба со голи раце. Она што тие техники ги прави специфични, е токму принципот на ускладување и движењата кои се користат да го пренасочат и неутрализираат напаѓачот. Се одликуваат со широки и постојани, континуирани движења, но тоа не е задолжителна форма. Бидејќи аикидо техниките бараат од вежбачите постојано движење додека се изведуваат, тие се соодветни за одбрана од повеќе истовремени напади. Но тоа е условено од повеќе фактори. На (условно) највисокото ниво на аикидо, поединецот може да ги користи овие техники за самоодбрана без нанесување сериозни повреди на напаѓачот. Ако правилно се изведуваат, големината и јачината на противникот не е важна за нивната ефикасност. Се смета дека аикидото е најтешка боречка вештина за совладување меѓу оние со потекло од Јапонија.

[уреди] Аикидо кај нас

Во Македонија, аикидо се изучува во неколку клубови во Скопје, Битола, Куманово и Охрид. Погледнете ги надворешните врски за повеќе информации.

[уреди] Надворешни врски

Static Wikipedia 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu