Анска Река
Од Википедија, слободна енциклопедија
Анска Река е лева притока на реката Вардар во јужнот дел на Македонија. Тече низ Валандовско Поле во правецот исток-запад, во должина од 22 км. Изворните краци се на јужните поли на Беласица, близу македонско-грчката граница утоката ѝ се наоѓа северозападно од селото Марвинци, близу до патот Скопје-Гевгелија. Во сливот на оваа река (166 км²) вегетираат смокви, калинки и црници (за одгледување свилена буба).
[уреди] Извор
- Оваа статија содржи текст од второто издание на Енциклопедијата на Југославија, публикација која сега е во јавниот домен.