Антон Попов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Антон Попов е роден на 20 октомври 1915 година во Поповото маало на село Гега (денес Игуменец), Пиринска Македонија (денес во Република Бугарија. Неговиот прадедо поп Стојан се доселил од Берово. Тој, како соборец на Иљо Малешевски и учесник во Кресненското востание, бил убиен од Турците. Истата судбина го снашла и дедо му Костадин Попстојанов, војвода на чета, заедно со неговите двајца браќа. Татко му, учителот Никола Попов, зема активно учество во револуционерните борби, и во 1922 г. бил обесен од разбојниците на Алеко паша.
Антон Попов бил член на Бугарската комунистичка партија (БКП) и на Македонскиот литературен кружок во Софија, заедно со поетот Никола Вапцаров. Двајцата се уапсени од бугарската полиција, осудени на смрт и стрелани на 23 јули 1942 на софиското гарнизонско стрелиште.
- ”Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари...Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух-не беше признат.
- Историјата на човештвото е полна со неправди...
- ...Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?... Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа? (Извор: Антон Попов ,,Дневник,, : Млада Македонија, 1938 г.).”
[уреди] Надворешни врски
[1] за книгата "Дневник" на Антон Попов, 1936
[2] за Македонскиот литературен кружок (на бугарски, ја прикажува бугарската гледна точка на МЛК)