Балтичко Море
Од Википедија, слободна енциклопедија
Балтичкото Море се наоѓа во Северна Европа и со Северно Море е поврзано со тесните протеци Скагерак и Категат кои се наоѓаат помешу Данска од една и Скандинавскиот полуостров од друга страна.
Поради неговата голема географска ширина, малите протоци со Северно Море кои не дозволуваат голема размена на вода, големиот прилив на слатка вода и ладната клима, ова море е едно од најслатките мориња на светот. Поедини негови делови во текот на годината се замрзнати. На неговите брагови излегуваат Данска, Шведска, Финска, Русија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија. Според важноста на земјите кои овде се наоѓаат, како и според обемот на сообраќајот кој овде се одвива, Балтичкото море може да се нарече „Северно“ Средоземно Море.