Бранко Цветкоски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бранко Цветкоски е поет, литературен критичар, есеист и преведувач. Роден е на 21 јуни 1954 година во с. Слатино, Дебарца. Работел како новинар во културната рубрика на весникот „Нова Македонија“. Бил главен уредник во книгоиздателството „Култура“ од Скопје и на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ од Прилеп. Бил претседател на Советот на Рацинови средби. Бил Директор на Македонскиот народен театар и основач и директор на издавачката куќа Макавеј - Скопје.
Член е на Македонскиот ПЕН центар, и на ДПМ од 1984 година. Добитник е на наградите“ „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Златно перо“ и „Григор Прличев“, и меѓународните награди „Христо Ботев“, „Орфеева лира“, и „Наџи Нааман“.
[уреди] Литературно творештво
- Свијок (поезија, 1981)
- Високи ветрови (поезија, 1985)
- Пластови и глас (критики, 1989)
- Пресна пепел (поезија, 1990),
- Возбудени македонски дијалози (интервјуа, 1990)
- Подарена сол (избор поезија, 1991)
- Обетки од ѕвезди (поезија за деца, 1991)
- Дела и доблести (критики и есеи, 1992)
- Молитвен веј (поезија, 1993)
- Не отвора секогаш тој - зборот (тематски број на Стремеж, 1993)
- Небесни места (аудио касета, 1996)
- Критички загледувања (критики и есеи, 1996)
- Повисоко од животот (критики и есеи, 1997)
- Синори (поезија, 1998)
- Ноќник (избор поезија, 1998)
- Ек и одек (критики и есеи, 1999)
- Името. Родот. Имотот (поема, 2000)
- Скрб (поезија, 2003)
- Имиња и теми (критика и есеи, 2004)
- Земја за зобање (поезија, 2006)