Вилјем Томсон
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Виљем Томсон - лорд Келвин (1824 - 1907) е роден во Белфаст, Ирска во семејство на професор по математика. До десетогодишна возраст образованието го добивал од татка си, а потоа бил запишан во Универзитетот во Глазгов, каде што татко му станал професор. Малиот Виљем одлично ја следел универзитетската програма. таму ги запознал големите достигања на математиката, а потоа во Кембриџ и Париз и достигањата на физиката. Подоцна и тој станал професор на универзитет. Најважни му се трудовите по термодинамика, електродинамика, а се бавел и со механика и хидродинамика.