Војдан Чернодрински
Од Википедија, слободна енциклопедија
Војдан Чернодрински, роден на 15 јануари 1875 година во Селце, умира во Софија на 8 јануари 1951 година. Истакнат македонски писател и културен деец, основоположник на современиот македонски театар.
Основно образование завршил во својот роден крај и во Охрид, а средно во Солун и Софија. Cтудирал право Во Швајцарија a потоа работел како учител во село Могила, Битолско.
Основач е и раководител на драмскиот кружок Македонски зговор (1894) во коj подготвувал театарски пиеси. Во 1901 година во Софија го формирал театарот Скрб и утеха со кој давал театарски претстави во Бугарија, Македонија и Србија (1903).
Чернодрински е автор на најпопуларната македонска драма Македонска крвава свадба (1900) и на првата драмска творба во стихови Срешта (1903) и е најплодниот драмски писател на македонски јазик до крајот на Втората светска војна.
[уреди] Драмски текстови
- Дрварите (1895)
- Во меаната (1895)
- Македонска емиграција (1897)
- Македонска крвава свадба (1900)
- Од глаата си патиме (1902)
- Робот и агата (1902)
- Зло за зло (1903)
- Срешта (1903)
- Мајстори (1903)
- Духот на слободата (1909)
- На реката (1921)
- На Нова година (1921)
- Цар Пир (1921)
- Бурите крај Вардар (1925)
- Цвета војвотката (1929)
- Слав Драгота (1930)
[уреди] Библиографија
- Иван Ивановски, 25 години театарски игри Војдан Чернодрински, Скопје 1990
[уреди] Надворешни линкови
- Војдан Чернодрински – “Македонска крвава свадба” и историите на техната “Историја” - статија од д-р Николај Јорданов, в. Културен форум, бугарска гледна точка (на бугарски)
- Значајни личности, Војдан Чернодрински