Голем Кремљски дворец
Од Википедија, слободна енциклопедија
Големиот Кремљски дворец (руски: Большой Кремлевский дворец), е изграден во периодот од 1837 до 1851 год. во Москва, Русија, на местото на поседот на великите кнезови, основани во XIV век на Боровицскиот Рид. Конструирана е од тим архитекти под водство на Константин Тон со намета да се потенцира величината на руската аристократија. Тон бил и архитектот на Арсеналот и црквата на Исус Христос Спасителот.
Големиот Кремљски дворец порано била московската резиденција на царот. При изградбата морал да се сруши постојниот барокен дворец на местото, конструиран од Растрели, како и црквата Св. Јован Крстител, конструирана по нацрт на Алевиз Новиот на местото на најпрвата црква во Москва.
Тоновиот дворец е долг 125 м, а висок 47 м, со вкупна квадратура од 25,000 м². Во ова спаѓа и постариот Теремски дворец, девет цркви од XIV, XVI и XVIII век, Светиот вестибул и преку 700 соби. По план зградите во комплексот обликуваат квадрат со внатрешен двор. Главната зграда изгледа како да има три ката, но всушност има два - горниот кат има два реда прозорци. Западната зграда од дворецот има државни приемни сали и приватни одаи за царското семејство (слика).
Петте приемни сали (Георгиевска, Владимирска, Александрвоска, Андреевска и Екатеринска) се именувани по ордени на Руското царство: Георгиев, Владимиров, Александров, Андреев и Катеринин. Георгиевската сала (слика) денес се користи за државни и дипломатски приеми како и официјални церемонии. Во оваа сала се потпишуваат меѓународни договори (слика). Исто така таа води до Избршушената палата, Златната одаја на царицата, Теремскиот дворец, Зимскиот дворец, и Државниот Кремљски дворец. Александровската (слика) и Андреевската сала (слика) во советско време биле споени за состаници и конференции на Врховниот Совет на СССР; во 1990-тите биле раскошно реставрирани според Тоновите дизајни.
[уреди] Надворешни врски
- Кремљски дворци (руски)
- Голем Кремљски дворец (руски)