Градешница
Од Википедија, слободна енциклопедија
Градешница е едно од најпознатите села во Мариово (Битолско) во составот на Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Градешница |
Општина: | Општина Новаци |
Население: | 115 жители |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | 800 метри |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Градешница се наоѓа во крајниот источен дел на Општина Новаци (до 2004 под Општина Старавина). Нејзиниот атар на едната страна се допира до подрачјето на Општина Прилеп, а на другата страна со државната граница со Грција. Градешница е ридско село и лежи на надморска височина 800 метри. Интересно е да се спомене дека поради слабото инвестирање (една од причините за катастрофалната загуба на населението) во инфраструктурата Градешница е најодалечено од градот Битола (до 1996 година општински центар) со дури 68 километри!
[уреди] Историja
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
Градешница како едно од најбогатите (во секаква смисла) македонски села, е типичен пример за уништувањето на македонските села во втората половина на XX век. За пример ќе го наведеме бројот на жители во 1961 година кој бил 1019 жители, за денес да опадне на само 115 жители. Од етнички аспект од секогаш Градешница била населена исклучиво само со Македонци (немало колонизирани српски семејства по 1913 година). Како и цело Мариово, Градешница била позната по извонредно високиот наталитет (стапка на раѓање) па дури до педесетитие години на XX век биле забележани неколку куќи (домаќинства) со по 20 деца! (нормално овде се мисли на двајца браќа што живееле во иста куќа итн.)
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
- Итар Пејо. Познатиот лик од македонските народни приказни препознатлив по својата итрина и мудрост, Итар Пејо, бил токму од Градешница.