Гренланд
Од Википедија, слободна енциклопедија
![]() |
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
Гренланд (гренландски: Kalaallit Nunaat, дански: Grønland) е остров во Северниот Леден Океан и самоуправна данска територија. Иако и географски и етнички е поврзан со Северна Америка, политички и историски Гренланд е поврзан со Европа. Најблиски земји до Гренланд се Исланд на исток и Канада на запад. Гренланд е најголемиот остров во светот, најголемата зависна територија и најголем национален парк во светот.