Северен Леден Океан
Од Википедија, слободна енциклопедија
Северниот Леден Океан, нарекуван уште и Арктички Океан, Северно Поларно Море, Северен Морски Пат е океан северно од Европа, Азија, Северна Америка и островот Гренланд. Се простира околу Северниот пол и има површина од околу 14 милиони km2, средна длабочина од преку 1,200 m.
Во Северниот Леден Океан спаѓаат следните мориња:
|
|
Преку Норвешкото Море, Северниот Леден Океан е во контакт со Атлантскиот Океан, а преку Беринговиот Премин и Беринговото Море со Пацифичкиот Океан. Поголеми острови во овој океан се Гренланд, Бафинова Земја, Елзмир, Викторија, Шпицбершки Острови, Нова Земја, Земјата на Фрањо Јосиф, Северна Земја, Новосибирск, Врангел и други.
Денес овој океан има големо сообраќајно значење поради северниот морски пат, кој води од пристаништата Мурманск и Архангелск до Владивосток (од 1933) и поморската линија меѓу Атлантикот Океан и Хадсоновото Море.
Во областа на океанот се наоѓаат важни подрачја на арктичкиот риболов, китолов, лов на тулјани, моржеви и сл. Во сливот на океанот припаѓаат големите сибирски реки Об, Енисеј и Лена, како и европските Печора и Двина, а северноамериканска значајна река која припаѓа на овој слив е Мекензи.