Дуала
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дуала е најголемиот град во Камерун и седиште на камерунската Приморска провинција. Овој град е комерцијалниот главен град на земјата. Во него се наоѓаат најголемото пристаниште во Камерун, како и аеродромот на градот. Во Дуала се регулира најголемиот дел од извозот на земјата, како нафта, какао и кафе, како и трговијата од и со Чад. Дуала е и дом на Еко маркетот, најголем во земјата.
Дуала е изграден на бреговите од реката Вури, чиишто два брега се поврзани со мостот Бонабери. Населението на градот во 1991 година било околу 1.6 милиони, а денес се претпоставува дека е над 2 милиони. Климата е топла и сува.
Ова е недовршена статија за географијата на Африка. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |