Египтологија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Портал: Египтологија |
Египтологија е науката која се занимава со изучување на Стариот Египет и египетските антиквитети. Таа е регионална и темстска гранка на пошироките дисциплини античка историја и археологија. Човекот кој се занимава со оваа наука се нарекува египтолог.
Содржина |
[уреди] Вовед
Египтологијата ги изучува египетските култури (јазик, книжевност, историја, религија, уметност, стопанство и етика) од V милениум п.н.е. до крајот на римското владеење IV век н.е. Современата египтологија (наспроти антикварскиот интерес за земјата Египет) се смета дека се зародил во 1822 год, кога Жан-Франсоа Шамполион објавил генерална дешифрација на хиероглифите за прв пат, со помош на Розетскиот камен. Подоцна, со сѐ поголемото познавање на египетскиот јазик и писмо, изучувањето на староегипетската цивилизација станала академски строга наука во голем подем, со сиот стимул кој ова познавање на пишаните материјали можело да го даде.
[уреди] Проблеми и мистерии
Постојат многу отворени проблеми во врска со Стариот Египет, а некои од нив никогаш неможат да бидат решени. Египетската археологија е во постојана транзиција, со тоа што голем дел од теримологијата и хронологија е спорна. Археолошките наоди се нецелосни, каде безброј реликвии неможат да се пронајдат или биле уништени. Новите археолошки наоди можат да ги доведат во прашање дотогашните заклучоци. Покрај тоа, постојат и внатрешни проблеми на генерална кохезија на разните династии како и проблеми со усогласување на Египет со другите цивилизации.
[уреди] Потекло
Стариот Египет не бил една обединета држава пред 3300 п.н.е. Опстпјувал како независна држава сѐ до 300 п.н.е. Археолошките наоди укажуваат на тоа дека развиено египетско општество постоело од многу поодамна.
[уреди] Храмови и пирамиди
Египетски храмови постојат и денес. Други се руинирани од забот на времето и други непогоди, додека од трети нема никаква трага. Египетските градби се едни од најголемите градежни дела во историјата на човештвото. Тие претставуваат најсилни и најтрајни симболи на египетската цивилизација.
[уреди] Погребување и гробници
Мумифицирањето на мртвите не постоело од секогаш. Откога овојобичај започнал, мртовецот се поставувал во гробницата со разни ритуали и протокли. Египетскиот погреб бил комплексна церемонија во која се граделе разни паметници, се кажувале молитви, и правеле ритуали во чест на мртовецот. Сиромашните кои неможеле да си дозволат гробница биле закопувани во обични гробови во песокот, и заради пустата средина, тие најчесто останувале природно мумифицирани.
[уреди] Библијата
Старите египјани се запишани во Стариот Завет, и играле предоминантна улога во животот на раните евреи, од фаѓањето на Јосиф до нивното прогонство од Египет, и подоцна односите со кралството Израелското царство. Постојат неколку неодговорени прашања за точните меѓусебно извршени влијанија на овие два народа.
[уреди] Технологија
Извесни артефакти и записи не одговараат на конвенционалните системи за развој на технологијата. Софистикацијата на староегипетската технологија е сеуште недоволно проучена.
[уреди] Видете исто така
- Џовани Батиста Белцони
- Хавард Картер
- Захи Хавас
- Вилијам Метју Флиндерс Петри
- Листа на египтолози
Архитектура | Уметност | Хронологија | Династии | Географија | Историја | Математика | Медицина | Религија | Фараони | Луѓе | Јазик | Градови | Пишување | Египтологија | Египтолози | Портал:Египтологија |