Екскреција
Од Википедија, слободна енциклопедија
Екскреција (излачување) претставува процес при кој се отстрануваат штетните или непотребни материи (наречени екскрети) надвор од организмот. Растенијата и животните се сосема различни во поглед на тоа како ги третираат екскретите и како ги излачуваат.
[уреди] Екскреција кај растенијата
Продуктите од катаболизмот, како амонијак, уреа и мочна киселина растенијата имаат способност да ги искористат за процесот синтеза на протеините,па затоа и не ги екскретираат. Водата ја екскретираат преку ткивата за екскреција и по пат на транспирација. Јаглеродниот диоксид, па и кислородот го отстрануваат преку стомите.
[уреди] Екскреција кај животните
Со процесот на дишење, кај животните се создаваат екскретите: амонијак, уреа и мочна киселина. Нив животните не можат да ги искористат како растенијата, па затоа ги екскретираат на најразлични начини. При тоа,повеќе органски системи учествуваат во процесот на екскреција: системот за излачување (екскреција), кожниот систем итн. Јаглеродниот диоксид, животните го екскретираат преку белите дробови. И црниот дроб учествува во екскрецијата со тоа што врши конверзија на амонијакот во уреа.