Транспирација
Од Википедија, слободна енциклопедија
Транспирација е физиолошки процес кај растенијата со кој растението оддава вода во надворешната средина во вид на водена пареа. Се одвива постојано и најчесто преку листот. Значајна е за растителниот организам од неколку причини:
- Ладење на растението, во топлите летни денови
- Екскреција на вишокот вода
- Транспорт на водата и минералните материи до сите делови од растението
Меѓутоа транспирацијата има и штетно дејство за сметка на растението, како на пример дехидрирање во периоди на суша.