Жарко Кујунџиски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Жарко Кујунџиски е македонски прозаист и драмски автор. Роден е на 19 мај 1980 година во Скопје, Република Македонија.
Ги објавил романите Spectator (2003) и Америка (2006) и книгата драми Ендрју, љубов и други непогоди (2004).
Ја превел од англиски Појадок кај Тифани од Труман Капоти (2006).
Добитник на петнаесеттина награди за најдобар краток расказ, драмски текст и есеј.
Моментално е на магистерски студии на Филолошкиот факултет Блаже Конески, Катедра за општа и компаративна книжевност.