Игор Исаковски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Игор Исаковски е поет и прозаист. Роден е во 1970 во Скопје каде што сега и живее. Работел како радио и ТВ водител од 1991-1999, 2001-2003, на различни фреквенции. Основач е и директор на културната установа Блесок. Работи како главен и одговорен уредник и вебмастер на истоименото списание. Уредник е на списанието на Независни писатели на Македонија, „Наше писмо“. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, магистрирал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Преведува поезија, проза и есеи, од (и на) македонски, англиски, српско-хрватски. Во негов превод на македонски, објавени се книгите на Алеш Дебељак, Лудвиг Гиц, Марија Тодорова, Душан Гојков, Клод Фримен, Роберт Млинарец, Јосип Ости, Рони Сомек, М.Т.Ц. Кронин, Горан Глувиќ, и Томас Шапкот.
Објавува во многу домашни и странски списанија. Делата му се објавени во САД, Холандија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Австралија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Словачка, Јужна Кореја, Црна Гора, Србија, Полска, Израел и Велика Британија.
Содржина |
[уреди] Објавени дела
Писма (роман, 1991), Црно сонце (поезија, 1992), Експлозии, трудна месечина, ерупции… (раскази, 1993), Вулкан – Земја – (поезија, 1995), – Небо (поезија, 1996, 2000), Гравири - Blues говорница (многу куси текстови, 2001), Песочен часовник (раскази, 2002), Длабоко во дупката (поезија, 2004), Пливање во прашина (роман, 2005, награда Прозни мајстори, 2005).
[уреди] Избори и преводи на други јазици
Sky (поезија на англиски, 1996, 2000), Sejanje smeha (избрана поезија на српски и македонски, 2003), I & Tom Waits (избрана поезија на македонски и англиски, 2003), Sandglass (раскази на англиски, 2003)
[уреди] Антологии
Ернест.01 (избор од раскази објавени во Блесок, 1998-2003), Морфеј.01 (избор од поезија објавена во Блесок, 1998-2003, автори родени помеѓу 1960-1977), Морфеј.02 (избор од поезија објавена во Блесок, 1998-2003, автори родени помеѓу 1930-1959)
[уреди] Извор
- http://www.isakovski.com.mk/avtor.asp?lang=mac&id=833 © Културна установа Блесок, Скопје, 2004-2006.