Словенија
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||||
Парола: нема | |||||
Химна: Здрављица | |||||
![]() |
|||||
Официјален јазик: | словенечки, италијански¹ и унгарски¹ | ||||
Главен град: | Љубљана | ||||
Претседател: | Јанез Дрновшек | ||||
Премиер: | Јанез Јанша | ||||
Површина: - вкупно: - % вода: |
154. по големина 20,273 km² 0,6% |
||||
Население: - вкупно (2005): - Густина: |
145. по големина 2,004,394 99/km² |
||||
Независност: | Од Југославија, 25 јуни 1991 | ||||
Валута: | Толар² (SIT) | ||||
Временска зона: | UTC +1, +2 (CET, CEST) | ||||
Интернет домен: | .si | ||||
Повикувачки број: | 386 | ||||
1Во општините со италијанско и унгарско малцинство |
Република Словенија е крајбрежна земја која се наоѓа под Алпите. Тоа е земја во јужна централна Европа, и граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север.
Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945. до 1991. кога се избори за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави.
Главен град: Љубљана. Број на жители: 1.935.677 (2003.). Површина: 20.273 km²
На Словенија припаѓа и многу мал дел од Јадранското крајбрежје во должина од 47 km. Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола и други кои секоја година привлекуваат голем број на туристи од западноевропските земји.
Словенија е земја која обилува со голем број на природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат на Мариборското Похорје, каде секоја година се одржува традицинонално Златна Лисица или Голден Фокс. Познати се доста и словенските бањи (топлице) кои се уредени со многубројни базени со ладна и топла вода и се атрактивни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите. Една од најубавите природни богатства на Словенија се езерата Блед и Бохињ. Тука се наоѓа и малиот остров со црква на него, кој е еден од заштитните знаци на оваа земја.
Словенците се нација кои важат за работливи луѓе. Тие се горди на својата работа и производите кои произлегуваат како продукт од истата. Посебно се горди на своите вина, во Марибор се наоѓа најстарата винова лоза во Словенија која претставува вистинска туристичка атракција. Доста се познати и крањските колбаси, прекумурската гибаница и традиционалнито словенско јадење од кисела зелка, грав и свинско месо.
[уреди] Надворешни врски
![]() |
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
Земји во Европа |
---|
Австрија | Азербејџан | Албанија | Андора | Ерменија | Белорусија | Белгија | Босна и Херцеговина | Бугарија | Ватикан | Германија | Грузија | Грција | Данска | Естонија | Ирска | Исланд | Италија | Кипар | Летонија | Литванија | Лихтенштајн | Луксембург | Малта | Молдавија | Монако | Норвешка | Обединето Кралство | Полска | Португалија | Република Македонија | Романија | Русија | Сан Марино | Словачка | Словенија| Србија | Турција | Украина | Унгарија | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шпанија | Шведска |