Ингви Малмстин
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ингви Малмстин | |
---|---|
![]() |
|
Роден | 30 јуни, 1963 Стокхолм, Шведска |
Прекар(и) | Ларс Јохан Ингве Ланербек |
Жанр(ови) | Нео-класичен метал |
Гитари | Fender Stratocaster |
Активен | 1982 - денес |
Веб-сајт | Официјален сајт |
Ингви Јохан Малмстин (шведски: Yngwie Johann Malmsteen), роден на 30 јуни 1963 година под името Ларс Јохан Ингве Ланербек Малмстин (шведски: Lars Johann Yngve Lannerbäck Malmsteen) е шведски гитарист, композитор и фронтмен на неговата група.
Надалеку познат по неговите гитарски вештини, Малмстин достигнал големо признание во 80-тите поради неговиот технички квалитет и неговото пионерство во нео-класичниот метал.
[уреди] Биографија
Роден во музичко семејство во Стокхолм, Малмстин бил најмладото дете во семејството. На рана возраст, покажувал мал интерес за музика, сè до 18 септември, 1970 кога на 7-годишна возраст гледал документарен филм на телевизија за смртта на Џими Хендрикс и станал опседнат со гитарата. Да го цитираме неговиот веб-сајт: „Денот кога Џими Хендрикс умре, гитаристот Ингви се роди“.
Тој тврди дека Ингви (шведски: Yngwie) значи „млад викиншки водач“ на шведски, а всушност тоа е варијација на Ингва (шведски: Yngvi), кој ја основал Куќата на инлинг, која е најстарата шведска династија.
Малмстин бил во неговите тинејџерски години кога за прв пат се сретнал со музиката на виолинскиот виртуоз од 19 век — Николо Паганини, кого го наведува како негово најголемо класично влијание. Имало и гласини дека Ингви сметал дека е реинкарнација на темпераментниот, често критикуван и погрешно разбран виолонист од Џенова. Низ емулацијата на концертните дела на Паганини на гитара, Малмстин развил технички квалитет. Малмстин исто така ги наведува Џими Хендрикс, Стив Хакет од Genesis, Брајан Меј, Ули Јон Рот и Ричи Блекмор од Deep Purple како влијанија.
Малмстин придонел кон еволуцијата на модерната рок гитара, особено со неговите модални прогресии и техники со класични влијанија, кои не се често користени во рок музиката. Нему често му се припишува заслугата, заедно со виртуозот гитарст Ренди Роудс со создавањето на неокласичниот метал жанр и со инспирирањето на нова генерација на виртуози на електрична гитара вклучувајќи ги Пол Жилберт и Тони МакАлпин.
Неговото појавување на гитарската сцена во раните 80-ти било забележително по тоа што тој вовел и популаризирал техники прилично различни од типичниот стил на Еди Ван Хален и Ренди Роудс, воглавно сметани за најдобрите во техниката на метал гитарата. Овие техники вклучувале брзи музички линии со користење на наизменично трзање (спротивно на многу hammer-on и pull-off потези), кои претходно ги користеле само гитаристи од жанрот на џез-рокот (како Ал Ди Меола и Џон Меклефлин), како и брзи трзаи во еден правец на арпеџато (arpeggiato) (типично во хармонската молска скала на Малмстин).
[уреди] Надворешни врски
- Официјалниот веб-сајт на Ингви Ј. Малмстин
- Извадок од трилогијата оп. 5
- Ингви Малмстин во вестите
- Информации за Ингви Малмстин - Врски и инфо за Ингви.
- Ингви Малмстин купувајќи гитара од 6.000 амнерикански долари
- Првата група на Ингви Малмстин - Steeler, историско интервју со Рик Фокс
- Историја на Ингви Малмстин со Рон Кил
G3 |
Постојани членови |
---|
Џо Сатриани | Стив Ваи |
Поканети гитаристи: Ерик Џонсон | Адријан Лег | Кени Вејн Шепард | Роберт Фрип | Мајкл Шенкер | Ули Јон Рот | Џон Петручи | Ингви Малмстин |
Дискографија |
Албуми и DVD: G3: Live in Concert | G3: Rockin' in the Free World | G3: Live in Denver | G3: Live in Tokyo |