Источна Европа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Источна Европа е источниот регион на Европа кој се дефинира на неколку начини:
- Тоа е регионот кој е распространет помеѓу областите на Централна Европа и Русија. Оваа современа дефиницја често се користи по распаѓањето на Варшавскиот договор.
- Диверзитетна област која се протега од исток према запад со тоа што:
- Источната граница е или Урал во Русија или Пацифичкиот брег на далечниот исток на Русија.
- Западната граница се наоѓа помеѓу Европската Унија и Заедницата на независни држави (Во некои случаи кадешто Калининград не е вклучен).
- Политички, Источна Eвропа ја покрива цела Северо-Источна Евроазија, бидејќи Русија е еден трансконтинентален геополитички ентитет. Кипар исто така често се додава на групата на европски земји иако географски гледано се наоѓа во Азија. Истиот пристап често се завзема за пост-Советските земји како Грузија, Ерменија, Азербејџан и Кавказкиот регион.
Во многу извори, Источна Европа се дефинира како поранешниот комунистички блок на Европа под влијание на Советскиот Сојуз (Вклучително и СФРЈ и Албанија) за време на Студената војна.
Како културен и етнички концепт, поимот Источна Eвропа е дефиниран од германските националисти во 19 век, како Славјанска Европа, наспроти Германската (западна) Европа. Овој концепт е засилен во периодот пред почетокот на Втората светска војна и често користен во расистичката терминологија со цел да се прикажат славјанските култури како инфериорни кон западните/германски култури, јазици и традиции.