Македонски Глас
Од Википедија, слободна енциклопедија
Првиот број на пиринскиот весник "Македонски Глас" се појави во јули 2004 година. Тој излегува како периодичен билтен на борците за правата на Македонците во Бугарија; се печати на бугарски јазик. Весникот објавува податоци за состојбите во бугарското општество, а кои се однесуваат на положбата на Македонците. Весникот има големо значење во понатамошното демократизирање на бугарското општество, особено поради фактот што во него можат да се прочитаат такви работи кои најчесто се премолчувани од другите весници во Бугарија.
Други весници со истото име
Во различно време и во различни делови во светот излегувале или излегуваат и други весници со името "Македонски глас": 1) канадскиот весник "Македонски Глас" излегува и денес; 2) весникот на борците за независна Македонија, предводени од Димитрија Чуповски, излегувал во Русија, во почетокот на 20 - тиот век.