Македонски полк
Од Википедија, слободна енциклопедија
Македонскиот полк бил полк, односно посебен воен одред на Руската царска армија составен од Македонци кои дошле како бегалци во Русија по неуспехот на Карпошовото востание во 1698 година.
По неуспехот на востанието и набивањето на кол на водачот Карпош на Камениот мост во Скопје, голем број на востаници и останато цивилно македонско население (претежно од североисточниот дел на Македонија) под водство на владиката Арсение Чарноевиќ најпрвин пребегнало во Војводина. Подоцна поради силните притисоци на Австријците за германизација на ова македонско население, тие пребегнале во Царството Русија и се населиле на подрачјето на денешна Украина.
Со самото пристигнување голем број од нив стапиле во редовите на руската царска армија поради што бил созададен посебен полк со назив „Македонски полк“ кој учествувал во повеќе подоцнежни војни водени од Царска Русија. Војниците (Македонци) од Македонскиот Полк се одликувале голема храброст и воинственост и во битките често биле праќани во првите борбени редови како јуришници заедно со храбрите Козаци.
Особено е интересно што припадниците на Македонскиот полк што имале силна македонска национална свест за својата национална припадност и себеси се сметале за Македонци и при своето пристигнување во Русија се изјаснувале дека се дел од македонската нација за што сведочат повеќе документи кои се чуваат во националниот историски архив на Украина во Киев (види слика).