Надреализам
Од Википедија, слободна енциклопедија
Надреализам - правец во книжевноста, уметноста и философијата. Се појавил во Франција во периодот после Првата Светска војна како продолжение на дадаистичкиот бунт, на чело со Андре Бретон, авторот на надреалистичкиот манифест. Бунтувајќи се против традицијата и граѓанската цивилизација, надреалистите бараат упориште во Фјордовата теорија на подсвесното, ирационалните исповеди, фантастиката, халуцинациите, сновиденијата. Од сите модерни движења, надреализмот имал најнагласена социјално-револуционерна црта, засновувајќи и тенденција на конструктивна акција, а не само разурнувачки револт.
Попознати претставници на надреализмот:
- Андре Бретон
- Андре Масон
- Жак Превер
- Луис Арагон
- Макс Ернст
- Салвадор Дали
- Хуан Миро
[уреди] Надворешни врски
- Надреалистички групи:
- Лондонската надреалистичка група (магазин: Арктурус)
- Париската надреалистичка група (магазин: S.U.RR.)
- Чешко-Словачката надреалистичка група (магазин: Аналогон)
- Надреалистичко движење во Србија
- Надреалистичко движење во САД