Салвадор Дали
Од Википедија, слободна енциклопедија
Салвадор Доменек Фелип Хакинт Дали Доменех попознат како само Салвадор Дали (11 мај, 1904 - 23 јануари, 1989) е значаен шпански сликар, најпознат по неговите надреалистични творби. Делото на Дали е забележливо по неговата впечатлива комбинација на бизарни халуцинантни претстави и извонредна сликарска умешност под влијание на ренесансните мајстори. Дали е уметник со огромни талент и имагинација. Тој има признаено дека често сака да прави необични нешта со цел да го привлече туѓото внимание, што некогаш ги иритира и оние што ја сакаат неговата уметност како и оние што го критикуваат, со оглед на тоа што неговиот ексцентричен однос знае да го засени неговото дело во окото на јавноста.