Нижегородска област
Од Википедија, слободна енциклопедија
Нижегородска област (руски: Нижегородская область) е федерален субјект на Русија (област). Областа афаќа површина од 76,900 км², а има население од 3,524,028 жители (по попис од 2002). Административен центар е градот Нижни Новгород. Со население од 1.3 милиони жители, тој е најголем град во областа и четврт најголем град во Русија, по Москва, Санкт Петербург и Новосибирск.
Низ областа тече реката Волга. Освен населениот регион на Нижни Новгород, најголем град е Арзамас. Во градот Саров се наоѓа најголемиот и најсветиот женски манастир во Русија. Макариевскиот манастир спроти градот Лисково бил домаќин на најголмиот саем/панаѓур во источна Европа. Други историски градови се Городец и Балахна, сместени на Волга северно од Нижни Новгород.
Содржина |
[уреди] Географија
Нижегородската област се граничи со Костромската област (С), Кировската област (СИ), Мариј Ел (И), Чувашија (И), Мордовија (Ј), Рјазанската област (СИ), Владимирската област (З) и Ивановската област (СЗ).
[уреди] Часовна зона
Нижегородската област спаѓа во Московската часовна зона (MSK/MSD). UTC +0300 (MSK)/+0400 (MSD).
[уреди] Пиродни богатства
Нижегородската област не изобилува со природни богатства, и истите се ограничени на песок (меѓу кои и титаниумско-цирконски песоци), глина, гипс, тресет, минерална сол и дрво.
[уреди] Атракции
Уникатната архитектонска конструкција – 128-метарската челична решетка хиперболична кула изградена од големиот руски инженер и научник Владимир Шухов во 1929 е лоцирана близу градот Ѕержинск на левиот брег на реката Ока.
[уреди] Административна поделба
- Главна статија: Административна поделба на Нижегородската област
[уреди] Стопанство
Бидејќи областа не е богата со природни ресурси, обласното стопанство се состои главно од индустрија и траспорт, кои сочинуваат речиси 80% од бруто домашниот производ (БДП).
Постојат 722 индутриски претрпијатија во областа кои им припаѓаат на следниве сектори:
- Машинство и инженерство
- Хемија и петрохемија
- Гориво и енергија
- Црна и бела металургија
- Градежни материјали
- Стакло
- Дрво и хартија
- Текстил
- Храна и нејзина обработка
- Лекови и др. фармацевстки производи
- Печатарство и издаваштво.
Други стопански сектори се земјоделство, трговија, услуги, комуникации и транспорт.
Според прелиминарни проценки, во 2002, бруто регионалниот производ на регионот изнесувал 5.6 милијарди американски долари, каде индустријата и превозот учествувале со 4.5 милијарди. Регионалните претпријатија забележале пораст на производството од 6.6%, кое е повисоко од националниот пораст на Русија минатата година. Во 2002, машинството забележало висок пораст(+13.6%), горивната индустрија (+49%), црната металургија (+8.9%), производството на дрво и хартија (+2.4%), како и печатарството и издаваштвото (+6.2%). Инвестициите во странство биле 84.5 милиони американски делори, со тоа што 95% од нив биле вложени во индустриски претпријатија. Во 2003, регионалната влада предвидела 3.8% посраст на индустриското производство.
Субјекти на Руската Федерација | ![]() |
||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||||||||
Федерални окрузи | |||||||||||||
Далекуисточен | Јужен | Приволжски | Северозападен | Сибирски | Уралски | Централен |