Никола Киров Мајски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Никола Киров Мајски (Крушево, 28 јуни (стар стил) 1880 година - Софија, 1962) е македонски публицист, историограф и драматург. Тој е авторот на Крушевскиот манифест.
Основното образование го завршил во родниот град, а гимназија учел во Битола, каде по ученичкиот бунт во 1898 година, против егзархиската администрација и против владиката Григориј, е исклучен заедно со други 17 ученици. Потоа гимназијата ја завршил во Солун, по што му се посвети на учителствувањето. Во сите места се среќавал со видни личности на ВМРО и како хроничар ја бележел сета нивна активност и настаните во Македонија.
Илинденското востание го затекнува во родното Крушево, во кое зел активно учество и бил еден од блиските соработници на Никола Карев. По востанието бил раководител на ВМРО во градот.
По Втората балканска војна своето семејство го префрлил во Бугарија и таму живее до крајот на животот. Завршил правни науки во Софија и работел како учител, па како финансиски службеник а потоа се занимавал и со други дејности.
По Првата светска војна е дел од Привременото претставништво на бившата ВМРО, а потоа и на Македонската емигрантска федералистичка организација.
[уреди] Творештво
Никола Киров Мајски оставил доста историски трудови, како:
- „Со поглед кон Македонија“
- „Крушево и неговите борби за слобода“
- „Епопејата на Крушево“
- „Светлина кон темнината“ и други.
Познат е и како драмски писател и поет. Во 1923 година ја пишува драмата „Илинден“, а подоцна објавува уште 13 кратки драми.