Нуклеотид
Од Википедија, слободна енциклопедија
Нуклеотидот е основната структурна единица на молекулот од нуклеинските киселини, кој е составен од три хемиски соединенија што се ковалентно сврзани:
- Пентозен шеќер - рибоза и деоксирибоза (по кој и се разликуваат РНК и ДНК)
- Азотна база - пуринска или пиримидинска
- Фосфорна група (фосфорна киселина).
Нуклеотидите се мономери за синтеза на нуклеинските киселини, а, исто така, се и продукти на хемиската и ензимската хидролиза на нуклеинските киселини.
Содржина |
[уреди] Номенклатура
Имињата на нуклеотидите обично се скратуваат во четирибуквени кодови. Првата буква е мала и покажува дали нуклеотидот е рибонуклеотид (r) или деоксирибонуклеотид (d). Втората буква ја означува нуклеобазата:
G: Гванин
А: Аденозин
Т: Тимин
C: Цитозин
U: Урацил, кој не се среќава во ДНК, а во РНК е хемиски аналог на тиминот.
Третата и четвртата буква ја индицираат должината на сврзаната фосфатна врска (моно-, ди-, три-) и присуството на фосфат (P).
На пример, деокси-цитозин-трифосфат се пишува како dCTP (или на македонски: дЦТФ).
[уреди] Хемиска структура
[уреди] Нуклеотиди
Аденозин монофосфат АМФ |
Аденозин дифосфат АДФ |
Аденозин трифосфат АТФ |
Гванозин монофосфат ГМФ |
Гванозин дифосфат ГДФ |
Гванозин трифосфат ГТФ |
Тирамидин монофосфат ТМФ |
Тирамидин дифосфат ТДФ |
Тирамидин трифосфат ТТФ |
Уридин монофосфат УМФ |
Уридин дифосфат УДФ |
Уридин трифосфат УТФ |
Цитидин монофосфат ЦМФ |
Цитидин дифосфат ЦДФ |
Цитидин трифосфат ЦТФ |