ДНК
Од Википедија, слободна енциклопедија
ДНК или деоксирибонуклеинска киселина претставува нуклеинска киселина која се содржи само во јадрото на клетката, за разлика од РНК која се среќава и во цитоплазмата. Основната градба на ДНК е иста кај сите видови организми, со исклучок на некои вируси. Молекулот на ДНК е изграден од две полинуклеотидни низи, специфично извиени во двојна спирала. Секоја низа е полимер од мономерни единици-нуклеотиди. Молекулите на ДНК се разликуваат по големина (која зависи од бројот на нуклеотиди). Така, вирусната ДНК има неколку илјади нуклеотиди, ДНК на бактеријалниот хромозом има неколку милиони нуклеотиди, а во 46-те хромозоми на човекот - неколку милијарди нуклеотиди. ДНК е одговорна за пренесувањето на наследните својства на организмите, како и за нивната менливост. Таа е материјален носител на информацијата за синтеза на протеините и рибонуклеинските киселини (РНК). Нуклеотидите на РНК И ДНК се сврзани со полипептидна врска а нивната структура се состои од пентозен шеќер рибоза и диоксирибоза.