Паско Кузман
Од Википедија, слободна енциклопедија
Паско Кузман е роден во с.Вапила, охридско на 15.10.1947 год. Гимназија завршил во Охрид, студирал медицина и право во Скопје и Белград, а студии по археологија завршил на Филозофскиот факултет во Белград, Србија и Црна Гора. Од 1979 год. работи во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид, како советник археолог за праисториска и протоисториска археологија. Вршел теренски истражувања во земјата и во странство. Во последно време се занимава со подводна археологија на Охридското Езеро. Со свои трудови учествувал на повеќе научни симпозиуми во земјата и во странство, а има објавено околу четириесетина стручни и научни статии и трудови, како и две монографии за некрополата Требеништа, Три Чељусти и Вртуљка (научен труд, 1985) и Уметноста на Требеништа (научен труд, 1998).
Содржина |
[уреди] Моментални волонтерски ангажмани
Член на Претседателството на Македонското археолошко научно друтво, со седиште во Скопје. Претседател на Поткомитетот на ИКОМОС за Подводно културно наследство на Република Македонија - Скопје. Член на комисијата за "Охрид-УНЕСКО" при Националната комисија за врски со УНЕСКО, Министерство за култура на Р. Македонија и Министерство за екологија на Р. Македонија.
[уреди] Волонтерски ангажмани во минатото
Претседател на Македонското археолошко научно друтво, 1982-1990. Член на Претседателството - Извршен одбор на Македонскиот национален комитет на ИКОМОС во три мандатни периоди (од формирањето до 2005 год.). Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 година.
[уреди] Награди и признанија
- Награда "Свети Климент Охридски-Патрон на Охрид" за особен придонес во подемот на Охрид, 2001 година.
- Светиклиментов орден III ред на Македонската православна црква, 2002 година.
[уреди] Истражувачки активности
Раководител на археолошки истражувања
- Козлук, villa rustica (кораководител со Владо Маленко), 1984;
- Неолит и енеолит во Југозападна Македонија, проект (кораководител со Драгица Симоска и Б.Китаноски), 1987-1989 год.;
- Зластрана, неолитска населба, 1988 год.;
- Кутлина, енеолитска населба, 1990-1992 год.;
- Видобишта, античка гробница (кораков. со В. Маленко), 1990-1993 год.
- Урбанизацијата на Лихнидос, проект (кораководител со Вера Битракова-Гозданова, Владо Маленко и Нада Почуча-Кузман), 1994-1999 год.;
- Подводни археолошки ископувања на Охридско езеро, праисториски наколни населби, 1997-2000 год.;
- Самуилова тврдина - Цитадела, систематски археолошки истражувања, 2000 -
[уреди] Археолошки истражувања, член на стручна екипа
- Три Чељусти Вртуљка (некропола "Требеништа"), Горенци, Охрид 1972 год.
- Хераклеја (Антички театар) 1972 год.
- Породин (неолит), Битола 1973 год.
- Свети Еразмо (базилика и некропола), Охрид 1974,1975 год.
- Скупи 1974, 1975 год.
- Птуј (Р. Словенија) 1977 год.
- Стоби 1992 год.
[уреди] Библиографија
1983 Збирниот наод од Лозишта кај Речица, Лихнид, кн. 5, Охрид 1983, 109-117.
-- Сеќавања, Васил Лахтов (1914-1964), Лихнид, кн. 5, Охрид 1983, 231-233.
1985 Три Чељусти и Вртуљка, Требеништа 1972, Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј, Охрид 1985 - 142 стр + илуст.- (Монографија)
1987 Мешеишта во светлоста на археолошките податоци, Мешеишта (монографија), Охрид 1987, 25-28.
-- Makedonski arheološki dnevi v Sloveniji, 25-28. мај 1987 = Денови на македонската археологија во СР Словенија, АРХЕО, бр. 6, Љублјана 1987, 34-35.
1988 Хермелеја, Лихнид, кн. 6, Охрид 1988, 89-116,(Паско Кузман, Владо Маленко)
-- Прилог кон проучувањето на некрополата од железно време кај Радолишта близу Струга Maced. acta archaeol. 9 (1983-1984), Скопје 1988, 103-112.
-- Јован Ковачевиќ: живот и дело, Maced. acta archaeol. 9 (1983-1984), Скопје 1988, 241-245.
1989 Долно Трново, ранонеолитска населба, AP 28 (1987), Ljubljana 1989, 38-39. (П. Кузман, Д. Симоска, Б. Китаноски)
1990 Тумба, Оптичари, повеќеслојна неолитска населба, AP 29 (1988), Ljubljana 1990, 63-66. (П. Кузман, Д. Симоска)
-- Зластрана, Средорече, населба од постариот неолит, AP 29 (1988), Ljubljana 1990, 72-74.
1991 Зластрана, неолитска населба во Охридско, Maced. acta archaeol. 11, Скопје 1990, 35-50.
-- Ранохристијански споменици во Охридскиот регион, Црковен алманах „Светиклиментово слово", Охрид: Дебарско-кичевска епархија, 1990, 61-66.
1992 Преглед на средновековните словенски црковни градби регистрирани како археолошки локалитети во Охридската регија, Црковен Алманах „Светиклиментово слово", Охрид: Дебарско-кичевска епархија, 1992, 78-95.(Кузман Паско, Маленко Владо)
-- New Future, Macedonian newsmagazine, Special edition Archeology in Macedonia: No. 4-5 (May-June), Skopje 1992, 4.
1993 Палеолит во Македонија, Maced. acta archaeol. 13 (1992), Скопје 1993, 9-16.
1995 Македонија во светлоста на археолошките откритија, Историја на културата на Македонија, кн. 1, Скопје: МАНУ, 1995, 31-37.
-- Неколку нафрлоци во врска со содржинските и методолошките прашања на истражувањето на историјата на културата на Македонија, Историја на културата на Македонија, кн. 1, Скопје: МАНУ, 1995, 311-313.
--Податоци за палеолитските култури во Македонија, Историја на културата на Македонија, кн. 2, Скопје: МАНУ, 1995, 11-21.
1996 Археолошки траѓи за Египќаните во Југозападна Македонија, Зборник на трудови за етногенезата на Египќаните во Македонија, Скопје: Здружение на Египќаните во РМ, 1996, 165-185.
-- Кутлина, Maced. acta archaeol. 14 (1993-1995), Скопје 1996, 9-23.
1997 Уметноста на Требеништа / Паско Кузман .- Скопје: НИП „Ѓурѓа", 1997 .- 64 стр.(Независни издан., коло 1); (Ликовна уметност, кн. 6)
-- Lychnidos dans la haute antiquite:(Nouvelles preuves archeologiques), Živa Antika, god. 47, t. 1-2, Skopje 1997, 19-28. (Вера Битракова Грозданова, Паско Кузман)
-- Археолошката професија, институциите за заштита на спомениците на културата и музејската дејност, релации меѓу нив и Предлог-шема за реорганизација и инкорпорирање во новата општествено-политичка стварност, Museol. Maced., Скопје: Македонски национален комитет ИКОМ, 1997, 128-134.
1998 La Macédoine a la lumière des découvertes archéologiques, La Republique de Macédoine: Nouvelle venue dans le concert européen, Paris: L’Harmattan 1998, 137-140.
-- Lyhnidus во раната антика / Lyhnidus in the early Antiquty, МН, год. III, бр. 8, Скопје 1998, 3-16. (Вера Битракова Грозданова, Паско Кузман)
-- Директни и индиректни фактори што влијаат на заштитата на археолошкото богатство на Македонија (релации, организациона функционализација), Археолошко богатство на Македонија и неговата заштита, Скопје: Фондација за култура на Р. Македонија, 1998, 51-56.
1999 Миграционите движења и етничките промени во регионот на Охридското Езеро од најстарите времиња до крајот на првиот милениум пред н.е., Уздарје, кн. 17 - Зборник посветен на Драгослав Срејовиќ, Белград 1999, 281-284.
-- Lyhnidus во раната антика(нови археолошки докази), Историја, год. 34/35, бр. 1-4 (1998-99), Скопје 1999, 97-112. (Вера Битракова-Грозданова, Паско Кузман)
2000 Prehistory Facts about Macedonia: Natural and Cultural Monuments, Skopje: Ministry of Information, 2000, 27-41.
-- Георги Шоптрајанов и неговата улога во заштитата на културното наследство во Македонија / Паско Кузман .- Охрид: Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј, 2000 .- 42 стр; (Едиција: Од охридските ризници)
-- Охрид на крстопатот на милениумите, 40 години од Фестивалот „Охридско лето", Охрид: Фестивал „Охридско лето" 2000, 9-11.
2001 Музеите во Охрид (монографија) / Паско Кузман. - Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Охрид, 2001 (со Сашо Димоски, Лилјана Миладиновска).
-- Борис Чипан и Џеладин бег, Долни Сарај - епизода од историјата на Охрид со Џеладин бег / Борис Чипан,- Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Охрид, 2001, 3-4.
-- Белешки за некои аспекти на археологијата во Македонија, Македонско археолошко научно друштво, Библиографија на македонската археологија 1945-2000. / Лилјана Миладиновска,- Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Охрид, 2001, 17-34.
2002 Тодор Паскали (монографија).- Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Охрид, 2002 (подготовка).
2005 Охридски богојавленски водосвет (монографија) / Паско Кузман.- Здружение на граѓани за целосна афирмација на МПЦ Богојавление - Охрид, 2005, 84 стр.
[уреди] Каталошки единици
1994 во: Муниципиум Стобенсиум – Западна некропола, 1992, Скопје: Музеј на Македонија, РЗЗСК; Велес: Народен музеј, 1994.
1996 во: Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, Скопје: МАНУ, Музеј на Македонија, Археолошки оддел, 1996 (Со В. Маленко).