Понеделник
Од Википедија, слободна енциклопедија
Понеделник е денот во седмицата помеѓу недела и вторник.
Според ISO 8601 е првиот ден од седмицата. Во многу јазици името означува „прв ден“, иако во други јазици како Грчки или Еврејски означува „втор ден“.
Понеделник, најчесто во модерното западно општество е и првиот ден од работната недела. Бидејќи, понеделник најчесто е денот кога вработените се враќаат на работа, а децата во училиште по неработниот викенд.
И во македонската традиција понеделник е т.н. делник, еден од деновите за работа.