Постол
Од Википедија, слободна енциклопедија
Постол е село во Егејска Македонија во јужниот дел на Солунското поле во близина на градот Ениџе-Вардар, во префектурата Пела, западно од Солун. Селото е рамничарско на надморска височина од 40 метри. Во античкиот период на местото на селото Постол се наоѓал античко-македонскиот град-престолнина Пела во кој е роден најголемиот и најпознатиот македонски император Александар Македонски. Пред поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор, Постол бил големо село со околу 300 куќи и 1200 жители, сите Македонци, а во него работело грчко патријаршиско училиште на што жителите неколку пати остро регирале дури и до руските конзули во Солун. За време на големите грчки колонизации Постол бил разурнат на ѕверски начин од грчките власти, а неговите жители Македонци биле насилно протерани во вардарскиот и пиринскиот дел на Македонија.[се бара извор]
[уреди] Личности
Во Постол е роден најголемиот и најзначајниот македонски национален деец Крсте Петков Мисирков, кој во Постол го завршил грчкото училиште. Најголемиот и најзначаен деец за македонската национална посебност и самобитоност и основоположник на македонскиот литературен јазик, Крсте Петков Мисирков бил горд на своето родно место Постол и често пати изјавувал дека е горд поради тоа што во неговото родно место се родил и најголемиот македонски имепратор Александар Македонски.[се бара извор]