Рене Декарт
Од Википедија, слободна енциклопедија
Рене Декарт (француски: René Descartes, 31 март, 1596 – 11 февруари, 1650), истотака познат и како Картезиус, работел како философ и математичар. Тој е подеднакво важен со неговите круцијални дела и во филозофијата и во математиката. Со измислувањето на координатниот систем, тој ја поставил основата за модерната геометрија (аналитичка геометрија), од која подоцна ќе се развие диференцијалното и интегралното сметање.
Декарт, понекогаш нарекуван основач на модерната философија и татко на модерната математика, се вбројува меѓу најзначајните и највлијателните мислители во западната историја. Тој ги инспирирал и неговите современици како и следните генерации на филозофи.
Неговата најпозната реченица е "cogito ergo sum", што значи "Мислам, значи постојам".