Ризо Ризов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ризо Ризов е роден 1878 година во Велес. Бил учител во неговиот роден град. Близок соработник на Гоце Делчев и организатор на ТМОРО. Идејно и припаѓал на групата социјалисти. 1912 година е испратен од велешката општина во Солун да се сретне со раководителите на ВМОРО за да го промовира предлогот на Димитрија Чуповски за испраќање на една делегација во Лондон, која ќе бара автoномија на Македонија. Тој е еден од основачите на Народната федеративна партија и ВМРО (Обединета). Кон крајот на 1926 година поради болест ја напушта Виена и заминува за Советскиот Сојуз. Во 1945 година се враќа во Македонија. Умрел 1956 година.