Саладин
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Саладин е роден 1138 год. во Месопотамија, а умрел на 4 март 1193 год. во Дамаск, Сирија. Курдански султан на Египет, Сирија и на Палестина и основач на династијата Ајубид. Иако како млад човек повеќе ги сакал религиозните наместо воените студии, ја почнал воената кариера под водство на чичко му, воен командант од династијата Зангид. По смртта на чичко му, Саладин станал везир на династијата Фатмид од Египет.
Во 1174 год. како султан на Египет и на Сирија, успевал да ги обедини Египет, Сирија, северна Месопотамија и Палестина. Неговата репутација како дарежлив и доблесен, но строг водач повторно го поттикнала отпорот на муслиманите против крстоносците. Во 1187 год. насочувајќи ја сета своја сила кон латинските крстоносни држави, тој го освоил Ерусалим, кој бил во христијански раце 88 години. Додека христијанското освојување било обележано со масакри, трупите на Саладин покажале цивилизирано однесување. Неговата победа длабоко го шокирала западот и тоа довело до повик на Третата крстоносна војна (1189-1192) во која тој се судрил со Ричард први, нивниот судир резултирал со примирје со кое крстоносците добиле мало парче земја од Тире до Јафа. Многу муслимани го сметаат Саладин за симбол на побожен и доблесен лидер.