Сашо Кокаланов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Сашо Кокаланов е македонски новинар, романсиер и драмски автор. Роден е на 9 октомври 1977 година во Скопје, Република Македонија. Дипломирал новинарство во 2001 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а моментно е магистрант на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.
Ги објавил романите Самецот (2003), Ноќ на железничката станица во Розендал (2003) и Изабела, Исмаела и јас (2004) како и драмскиот текст Кафез за будали (2001). Неговите романи се преведени на српски и на бугарски јазик.