Трајанов форум
Од Википедија, слободна енциклопедија
Трајанов форум (латински: Forum Traiani) е последниот форум од царските форуми во Рим.[1]
Содржина |
[уреди] Историја
Форумот бил изграден по наредба на Цар Трајан со пари од богатството здобиено во војната со Дакија, завршена во 106.[1] Фастите кажуваат дека камен-темелник е удрен во 112 год., додека пак Трајановиот столб бил започнат во 113.
За изградба на овој монументален комплекс биле потребни големи ископувања: работниците ги откопувале падините на брдата Квиринал и Капитолин, ко ја затворале долината кај царските форуми кон Марсовото Поле.
Постои веројатност дека ископувањата започнале уште во времето на Домицијан, додека самиот прокект на форумот целосно му се препишува на Аполодор Дамаски,[1] кој исто така го придружувал Трајан во дакиските походи.
За време на изградбата течеле и уште неколку проекти: изградбата на Трајановиот пазар[1] и Цезаровиот форум (каде била изградена т.н. Базилика Аргентарија), како и реновирање на храмот на Мајка Венера.
[уреди] Структура
Форумот е изграден од огромна пјаца опкружена со стои со должина од 200 и ширина од 120 м со екседри од двете страни. Главниот влез е од јужната страна, трумфална арка врз која била сместена статуа на Трајан во шесткоњска двоколка. The Базиликата улпија е семстена на северниот крај на пјацата, која била поплочена со квадратни плочи од бел мермер и украсена со голема коњаничка статуа на Цар Трајан. На обете страни од пјацата имало пазари (во облик на безистени), кои исто така биле сместени во екседрите.
Северно од базиликата имало помала пјаца, со храм посветен на воздигнатиот Трајан на крајната северна страна кој гледал навнатре. Веднаш северно од базиликата улпија на обете страни од форумот се наоѓале две библиотеки, една со латински и една со грчки книги и документи. Помеѓу библиотеките се наоѓал 38-метарскиот Трајанов столб.[1]
Во средината на IV век, Константин II, при неговата посета на Рим, бил вчудоневиден од огромната коњаничка статуа на Трајан и околните згради. Оваа царска посета и местата од интерес се опишани од Амијан Марцелин.
Денес останат е само дел од пазарите и Трајановиот столб (во целост).
[уреди] Поримска историја
Во средината на IX век, мермерниот плочник бил систематски откопуван за други употреби заради неговиот висок квалитет. Истовремено плочникот бил заменет со скромна калдрма што укажува на тоа дека местото сеуште се користело како јавен плоштад.
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
- „Mercati di Traiano Rome photos virtual tour“. (iPIX) FreeReservation.com. [Страната е посетена на 2 август 2006].