Трница
Од Википедија, слободна енциклопедија
Трница е месност во областа Горна Река на самиот пат Маврово - Дебар, која во минатото била село. Денес во месноста Трница се наоѓа познатиот мотел „Трница“ препознатлив по своето јадење (традиционално за цела област) - качамакот и споменикот на паднатите борци од НОБ од овој крај. Пред неколку години веднаш над мотелот по патот за селата Волковија и Беличица беше подигната црква.
[уреди] Местоположба
Трница се наоѓа на самиот пат Маврово - Дебар, веднаш на левиот брег на реката Радика. Месноста (мотелот и споменикот на борците од НОБ) е сместена во стрмен дол, подножје на планината Бистра. Од Трница се двои патот кон селата Беличица и Волковија. Месноста Трница е сместена на 1020 метри надморска височина.
[уреди] Историја
Во минатото Трница била село населено исклучиво со Албанци - Качаци, кои често правеле зулуми и ограбувале коли и патници кои се движеле кон Дебар или Маврово. Поради честите грабежи и на блиските села Волковија и Беличица, жителите (Македонци) од двете села се собрале и ги истерале жителите на Трница.
За време на српската окупација на Македонија во 1913 година, во Трница била сместена српската жандармерија и биле изградени куќи за српските жандарми и учители.
По втората светска војна во Трница е изграден познатиот мотел „Трница“ и е подигнат споменикот на паднатите борци од овој крај (пред се во борбата со албанските балисти).