Уланци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Уланци е село во Општина Градско, во околината на градот Велес.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Уланци |
Општина: | Општина Градско |
Население: | 80 жители |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | 120 метри |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото се наоѓа веднаш на левиот брег на реката Вардар, спроти селото Градско во источниот дел на истоимената општина. Уланци е рамничарско село и лежи на надморска височина од 120 метри.
[уреди] Историja
Уланци е стара населба. Бидејќи е во близина на античкиот град Стоби, за кој се претпоставува дека се протегал на двете страни на реката Вардар се до утоката на Црна Река, на местото на селото имало населби уште во античко време. Денешното село Уланци најверојатно е настанато како чифлик во периодот на Отоманското владеење.
[уреди] Економија
Главна и доминатна стопанска гранка на населението е полјоделството. Најзастапено е одгледувањето на пиперките (зелените пиперки), доматите, кромидот, а застапена е и пченицата и одгледувањето на тутун и винова лоза. Во зимскиот период во околината на селото на зимување доаѓаат стада овци од Западна Македонија.
[уреди] Демографија
Според пописот од 2002 година, Уланци брои 80 жители. Од пописот од 1994 година, кога селото броело 84 жители, бележи благ пад на своето население за 4 жители (сите од ромска националност).
Националниот состав на населението на Уланци е следниов:
- Македонци 72
- Турци 7
- Срби 1