Роми
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Ромите (уште познати како Цигани, Ѓупци или Еѓупци, кои како термини најчесто се сметаат за навредливи ) се народ од индоеврпоско потекло. Тие се раселени на секаде низ светот и немаат своја матична држава. Нивната бројност е околу 12 000 000 (некои тврдат дека толкава е бројката на Ромите само во Европа). Најмногу ги има во Романија околу 1 500 000, Унгарија околу 1 000 000, Бугарија 700 000, а воопшто ги има низ сите европски држави и во Америка.
За нивното потекло постојат повеќе теории од кои се вели дека се потомци на стариот народ Дравиди (кој живеел во Пенџаб во Пакистан) и дека се дојдени во Европа со освојувањето на Турците на балканските земји. Втората теорија е дека тие се по потекло од Египет и дошле во Европа кога Александар Македонски го освоил Египет.
Развојот на Ромите е многу слаб и тие се еден од најнееманципираните, најнеитегрираните и најнеразвиените народи во светот. Обично ромските населби и живеалишта се наоѓаат во руинирана состојба и преполни со ѓубре и зарази поради што Ромите имаат најкраток животен век од сите европски народи. Поради нивната огромна сиромаштија често владеат и предрасуди врзани за нив. Ромите говорат на Ромски јазик.
Интересно како податок за нив е да се спомене дека Ромите се “урбано“ население бидејќи во Република Македонија, 96% од вкупното ромско население живее во градовите, а нивните населби се најчесто во близината на гробиштата или касарните.