Фарски Острови
Од Википедија, слободна енциклопедија
![]() |
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
|
|||||
Парола: Нема | |||||
Химна: Tú alfagra land mítt | |||||
![]() |
|||||
Официјален јазик: | фарски, дански | ||||
Главен град: | Торсхавн | ||||
Кралица: | Маргарета II од Данска | ||||
Премиер: | Јоанес Ајдесгард | ||||
Површина: - вкупно: - % вода: |
189. по големина 1,399 km² 0,5% |
||||
Население: - вкупно (2004): - Густина: |
211. по големина 48,288 331/km² |
||||
Независност: | Нема (дел од Кралството Данска). Самоуправување добиено во 1948. | ||||
Валута: | Фарска круна1 (100 центи) | ||||
Временска зона: | UTC +0 | ||||
Интернет домен: | .fo | ||||
Повикувачки број: | 298 | ||||
1Банкнотите се дански круни испечатени со мотиви од Фарските Острови. Островите користат стандардни дански монети. |
Фарските Острови (фарски: Føroyar, со значење "Овчи Острови", дански: Færøerne) се група на острови во Атлантскиот Океан, помеѓу Шкотска, Норвешка, и Исланд. Тие се автономен регион на Кралството Данска од 1948, и со текот на времето, ги имаат во своја надлежност повеќето области, освен одбраната (немаат сопствена војска, која е одговорност на Данска, освен мали Полициски Сили и Крајбрежна Стража) и надворешни работи.
Фарските Острови имаат традиционални врски со Исланд, Шетландските Острови, Оркниските Острови, Надворешните Хебриди, и Гренланд. Архипелагот бил одвоен од Норвешка во 1815. Фарските Острови имаат свој претставник во Нордискиот Совет.
Од 18 острови, само едно (Литла Димун), е потполно ненаселено. Најголем и главен град е Торсхавн, кој брои околу 19,000 жители. Основната религија е протестантство. Фарците се занимаваат главно со риболов, како и овчарство. Островите се познати по својата богата фауна.