Хип-хоп
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хип-хоп претставува музички правец кој настанал во САД во 70-тите години на претходниот век, и станал дел од модерната култура во 80-тите. Воглавно се состои од следниве неколку елементи:
- Рецитирање (англиски: MCing)
- Продукција и скречување (англиски: DJing и Scratching)
- Брејкденс (англиски: breakdance)
- Графити (англиски: graffiti)
Овие се четирите главни елементи на хип-хоп културата, која ја започнале младите афро-американци од Њујорк во почетокот на 1970 година. Типично за хип-хопот е тоа што се состои од засилено ритмично рецитирање и обилно користење на техниките: асонанса, алитерација и рима.