Јохан Волфганг фон Гете
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јохан Волфганг фон Гете , IPA: /gøːtə/, роден како Јохан Волфганг Гете (28 август 1749 – 22 март 1832) бил германски сликар, новелист, драматург, поет, хуманист, научник, философ и за десет години премиер на војводството Вајмар.
Гете бил една од клучните фигури на германската литература и движењето Вајмарски класицизам во доцниот 18 и раниот 19 век; ова движење коинцидира со просветителството, Sturm und drang, сентиментализмот и романтизмот. Како автор на Фауст и Теоријата на боите, тој го инспирирал Дарвин во неговото независно откривање на премагзилата на човечката вилица и концентрацијата на идеите за еволуцијата. Влијанието на Гете се ширело низ Европа и за време на следниот век неговата работа била примарен извор на инспирација во музиката, драмата, поетиката и философијата.
Содржина |
[уреди] Живот
[уреди] Ран живот (1749–1765)
Таткото на Гете, Јохан Каспар Гете (1710–1782), живеел со неговата фамилија во голема куќа во Франкфурт на Мајна, тогаш дел од Светата Римска Империја. Како богат член на буржоазијата, тој го поминал најголемиот дел од своето време собирајќи препарирани животни и слики. Гетеовата мајка, Катарина Елизабет Текстор (1731–1808), се омажила за 38-годишниот Јохан Каспар кога имала само 17 години. Сите нивни деца, освен Гете и неговата сестра Корнелија Фридерик Кристијана, кои биле родени во 1750, починале на рана возраст.
Јохан Каспар и приватните учители му држеле лекции на Гете за сите општи предмети, посебно јазици (латински, грчки, француски, англиски и хебрејски). Гете исто така земал часови по танцување, јавање и мечување. Тој имал силна одбивност кон црквата и ја окарактеризирал нејзината историја како "редица на грешки и насилство". Негова голема страст било цртањето; музиката, пак, не му била страст. Гете набрзо постанал заинтересиран за литературата; Фридрих Готлиб Клопшток и Хомер биле меѓу неговите најрани омилени писатели. Тој имал голема посветеност кон театарот исто така и бил многу фасциниран од сцените со кукли кои се одржувале годишно во театарот Вилхелм Мејстер.
[уреди] 1765-1832
Во 1772, тој започнал да учи право во Вецлар. На покана на Карл Август, војвода на Сакс-Вајмар-Ајзенах, тој отишол во 1775 да живее во Вајмар, каде држел политички канцеларии, па дури станал и главен советник на војводата.
Тој бил еноблиран (поблагороден) во 1782. Неговото патување до Италијанскиот Полуостров од 1786 до 1788 било од големо значење за неговиот подоцнежен естетски и философски развој, како и неговата адмисија во 1782 дека тој бил "одлучен нехристијанин".[1]Неговите дневници од овој период ја формираат основата за нефиктивното Италијанско патување. Гете зел учество во Наполеоновите војни против Првата Француска Империја, помагајќи му на војводата Карл Август за време на инвазијата на Франција од империјалните сили во есента 1792. Во 1794, Фридрих Шилер му пишал на Гете нудејќи му пријателство, кое траело до шилеровата смрт во 1805. Во 1806, Гете се оженил со Кристиане Вулпиу. Починал во Вајмар во 1832 година.