Ќоселари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ќоселари е село во Општина Лозово, неколку километри јужно од градот Свети Николе.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Ќоселари |
Општина: | Општина Лозово |
Население: | 95 |
Поштенски број: | 2220 |
Повикувачки број: | 032 |
Надморска височина: | 250 м. |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото Ќоселари се наоѓа во Овче Поле, во централниот дел на општина Лозово, 12 километри јужно од градот Свети Николе. Се работи за рамничарско село кое се наоѓа на надморска височина од 250 метри. Селото има атар од 22,2 квадратни километри. Најголем дел од површината се пасишта.
[уреди] Историja
Како и поголемиот дел од селата во Република Македонија, селото во втората половина на 20 век го зафатиле процесите на миграција од село во град, со што бројот на жители драстично се намалил.
[уреди] Економија
Во селото најзастапени се полјоделството и сточарството. Обработливото земјиште зафаќа 867 хектари, пасиштата зафаќаат 1.204 хектари, додека 120 хектари се шуми.
[уреди] Демографија
Во 1961 години бројот на жители изнесувал 413 жители. Во 1994 година, бројот на жители се намалил на 95 - 62 Македонци и 33 Власи.
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
Во Ќоселари постои: основно училиште до IV одделение, фабрички погон и услужни дејности.
[уреди] Иселеништво
[уреди] Литература
Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 306 стр.