Астероиден појас
Од Википедија, слободна енциклопедија
Астероидниот појас е прстен широк 100 500 km. составен од каменести вселенски остатоци, кои се наоѓаат меѓу орбитите на Марс и Јупитер. Астероидите се разликуваат според големината и повеќето од нив имаат неправилен облик. Астероидите кружат окулу Сонцето уште од моментот на создавањето на Сончевиот Систем, но силната гравитација на Јупитер ги оневозможила да се претворат во планета. Ако се случело тоа, големината на планетата би била една триесет и третина од големината на месечината. Некои астероиди скршнуваат од патот на астероидниот појас и се движат преку орбитите на планетите.