Борис I
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Кнез Борис | |
---|---|
владетел на Бугарија
|
|
Роден | 9 век ? |
Починал | 2 мај 907 год. Бугарија |
Борис I (? - 907) - бугарски хан од 852 година и кнез од 864 до 889 година. Син на хан Пресијан. Познат по тоа што ги покрстил Бугарите во 864 година.
Содржина |
[уреди] Покрстувањето
Најнапред Борис склучил сојуз со Лудвиг Германски во 862-863г. и започнал да преговара со него за примање на христијанството во Бугарија од Римскиот папа. За да го разруши овој соујз, Византија во коалиција со Великоморавија и Хрватска во 863 г. започнала војна против Бугарија. За Борис I оваа војна била неуспешна и тоа го разнишало значително политичкото господство на Бугарите по средниот тек на Дунав. Како одговор на молбите на великоморавскиот кнез Ростислав во есента на 863 г. Византијците повторно навлегуваат во бугарските земји. Зафатените на запад бугарски војски не можеле да и покажат сериозен отпор на Византија. Започнале мировни преговори, чиј резултат бил склучениот мировен договор помеѓу Бугарија и Источната Римска Империја (Византија). Борис I се задолжил да го раскине својот сојуз со германскиот император и да се покрсти заедно со својот народ. Бугарскиот владетел се покрстил сам, речиси тајно, и го примил името на својот кум, византискиот василевс Михаил.
Потоа, Борис I Михаил, веќе кнез, се зафатил да го покрсти целиот бугарски народ. Бугарите кренале бунт и Борис наредил да се фатат болјарите, коишто го воделе бунтот, и да ги убијат. Загинале 52 болјари со целите нивни родови и така Бугарите станале христијани.
[уреди] Бугарската патриаршија
После покрстувањето Борис побарал дозвола од Цариградската патриаршија за самостојна Бугарска партиаршија(види Бугарска православна црква), но му било откажано. Во резултат на тоа бугарскиот кнез се однесол кон Рим да сака дозвола од папата. Бугарските пратеници биле сретнати со голема радост во Ватикана. Папата испратил во Бугарија двојца римски епископи, од кои што Борис го избрал епископот Формоза да биде Бугарски патриарх.
През 867 год. нови Бугарски пратеници се дојдени во Рим со молба папата да ракоположи Формоза за Патриарх. Папа Николај I откажал, но во 13 ноември 867 година најнеочекувано умрел. Новиот папа Адриан II исто така не се согласил и Борис ги прекинал бугаро-римските одношенија, враќајки ги римските пратеници назад со многу дарови.
Борис одново се однесал кон Константинопол со истата молба и на Осмиот Вселенски Собор (869-870 год.) се создал Бугарскиот црковен диоцез во глава на кој со титула „митрополит на Драстар„ бил поставен гркот Георги. Тој бил подчинет на Царидрадската партиаршија.
През 886 г. на бугарски црковен собир било решено Бугарската архиепископија да стане афтокефална (самостојна). Во глава на Бугарската црква застанал Јосиф Исповедник, архиепископ и први бугарски патриарх, кој што спроведува прословенската политика на Борис I и покасно на цар Симеон I.
[уреди] Словенската писменост во Бугарија
По истото време (краjот на 885 г.) Борис ги примил радушно учениците на Кирил и Методиј, кои што били изгонени од Великоморавија. Словенскиот јазик станал официјален јазик на Бугарија, замењувајки го грчкиот. Климент Охридски бил испратен во 886 г. како словенски учител во областа Кутмичевица, каде ja основал Oхридската книжевна школа.
След продолжително 36-годишно управување през 889 год. кнезот Борис се отказал доброволно од престолот и отеглил во монастир. Борис имал четири синови: Расате-Владимир, Гаврил, Симеон и Јаков. За свој наследник посочил првородбениот си син Владимир-Расате.
Неумелата анти-византијска политика на кнез Владимир-Расате, сопроводена со опит за враќане кон езичеството го принудила Борис да го напусне монастирот и да вземе решителни мерки. Тој свалил Владимир-Расате од престолот, ослепил го и го хврлил во темница. По тоа тој свикал народен собор во 893 г., на кој што оповестил возкачването на третиот си син, Симеон, на престолот и преместването на главниот град на Бугарија од Плиска во Велики Преслав. По истото време Климент станал епископ на Величката епархиja со центар во Охрид (според некои теории на Охридската епископија иако дел од Бугарската православна црква), а Наум дошол од Преслав во Охрид да jа води Охридската школа.
[уреди] Надворешни врски
Пресијан | >>> | Борис I, хан и кнез на Бугарија (852— 889) | >>> | Владимир Расате |
Шаблон:Бугарски владетели