Цар Симеон I
Од Википедија, слободна енциклопедија
Цар Симеон I (бугарски: Цар Симеон Велики) е владетел, кој ја управувал Бугарија од 893 до 927 година. Роден е најверојатно во 864 година и умрел на 27 мај 927 година. Станал цар на 27 години кога го взел престолот од својот брат Владимир Расате којшто бил симнат од власт од татка си, кнез Борис I и веројатно ослепен поради што сакал да ја врати Бугарија кон паганизмот. Симеон ја преместил престолнината од Плиска во Преслав.
Во време на царувањето на Симеон І, бугарската држава се утврдила како најзначајната држава во источна Европа со силната армија и големата територија и го достигнала врвот на своjата моќ. Во овој период Бугарија излегувала на три мориња - Црно Море, Бело Море и Јадранско Море.
Во низа судири со Византиjа Симеон ja проширува своjата држава на неjзина сметка. Во 904 г. Арапите од Триполи го освоиле и го ограбиле Солун, а голем дел од жителите одвеле во пленство. Симеон го користи тоа за да ja помести границата на jуг, поблиску кон Солун. Во 913 г. доаѓа со воjска под Цариград и од патриjархот изнудува царска круна. Во 914 г. ja пустоши околината на Солун и Драч. Во 918 г. продира низ Грциjа до Коринт на jуг и ja изнудува титулата "Цар на Бугарите и Ромеите". Во 924 г. Симеон ja покорил и страотно ja опустошил Србиjа. Призната е самостоjната бугарска патриjаршиjа.
Историчарите тврдат дека во времето на управувањето на цар Симеон I настанал т.н. „златен век“ на бугарската култура. Тогаш се развиле најмногу литературата, архитектурата и уметноста. Биле изградени голем број христијански храмови, а престолнината Преслав била направена по терк на Константинопол.
Како резултат балканските Словени, населени на широкиот простор од Црното до Jадранското Море и од Дунав на север до Коринт на jуг, создаваат сега единствена материална култура коjа ги обединува во една голема балканска заедница. На целиот тоj простор, во маса метални производи (делови од воената опрема, облека и накит), меѓу стандардните форми користени од словенското население, одвреме-навреме се поjавуваат специфични предмети врзани за бугарско бoлjapcтвo како носители на новата државна управа
По смртта на Симеон Бугариjа брзо слабее, а Византиjа ги враќа своите поранешни територии и хегемониjата врз Средниот Балкан. Престолот го наследјува Петар, вториот син на Симеон.
[уреди] Надворешни врски
Владимир Расате | >>> | Симеон I, цар на Бугарија (893— 927) | >>> | Петар I |
Шаблон:Бугарски владетели