Бугарско царство
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бугарско царство (бугарски јазик: Българско царство) е термин кој се користи за опишување на два периода од средновековната историја на Бугарија, во текот на кои таа била клучна регионална сила општо во Европа а посебно во Југоисточна Европа, која често се борила прoтив Византија. Двете Бугарски царства не се сметаат како различни ентитети, туку како една држава која се обновила после периодот на Византиското владеење на нејзината територија.
- Првото Бугарско царство било формирано како резултат на проширувањето на Стара Голема Бугарија на териториите јужно од реката Дунав, и вообичаено се смета дека постоело помеѓу 681 година (кога постоењето на ова царство за прв пат било спомнато од страна на Византија во мировен договор) и 1018 година, кога подпаѓа под Византиска управа. Својот зенит го достигнало во текот на деветиот и почетокот на десетиот век, кога со царството владеел Борис I и Симеон Велики, кој ја развил Бугарија во културен и литературен центар на Словенска Европа, како и во една од најголемите држави во Европа.
- Средновековна Бугарија претставува обновување на Второто Бугарско царство после успешното Бугарско востание на двајца велмошти од Тарново, Асен и Петар, во 1185 година. Средновекова Бугарија опстојувала се до инвазијата на Отоманците на Балканот при крајот на четиринаесетиот век. Последната Бугарска територија која подпаднала под Отоманска доминација бил Созопол, се до 1453 година. Под водство на Иван Асен II во првата половина на тринаесетиот век поголемиот дел од територијата бил повратен.