Вардар (река)
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- Вардар ве пренасочува овде. За други значења видете Вардар (појаснување).
Вардар е најголемата река во Република Македонија и воопшто во целиот регион Македонија (територијата на етничка Македонија) во југоисточна Европа. Долга е 388 km и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25,000 km².

[уреди] Течение на реката Вардар
Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Република Македонија. Продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полог каде има неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита. Потоа преку Дервенската клисура навлегува во Скопската котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и минува низ Скопје. Преку Таорската Клисура навлегува во малата Велешка котлина и минува низ Велес. Овде се вливаат Кадина Река, Тополка и Бабуна. Пототоа преку Велешката клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се вливаат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од лева и Брегалница од десна страна. Навлегува во познатата Демиркаписка клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-Валандовската котлина каде што ја преминува грчката граница, минува низ Циганската клисура, и течејќи низ Солунското поле се влева во Егејското море во западно од Солун во северна Грција.
[уреди] Некои податоци за Вардар
- Должина: 301 km во Република Македонија (вкупно 388 km)
- Површина на речен слив: 20 535 km²
- Среден пад: 2,1%
- Среден проток: 174 m³/sec
80% од течението на Вардар се наоѓа Република Македонија, заради што територијата на денешна Македонија го носела името „Вардарска бановина“ во времето на Кралство Југославија.
[уреди] Верзии за името
- Позната е приказната дека реката го добила ова име во чест на римскиот префект на Скупи, кој се викал Варда Склир и кој го регулирал течението на реката и со тоа го спасил градот од поплави.
- Името Вардар е слично со имињата на други реки што течат во Централна Азиja - Сир Дарjа, Аму Дарjа и Чебдар. Зборот дарjа е персиски и значи река, море или океан.
- Хидронимот Вардар веројатно потекнува од гермаснкиот збор "Vordol", кој е даден на реката кога Готите биле на овие просотри (5 век од н.е.).
- Вардар води потекло од истоимениот тракиски збор што значи "црна вода".