Грчка митологија
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Грчката митологија се состои од многу богови кои биле измислени од луѓето. Ним им биле давани човечки особини, со цел луѓето поблиску да се идентификуваат со нив. Инаку грчката и римската митологија имаат исти богови, со таа разлика што на римските богови им било доделено различно име. На пример, Арес (богот на војната) во грчката митологија, се вика Марс во римската. Најпознатите и најважните претставници на грчкиот пантеон се Зевс (врховниот бог и богот на молњата), неговите браќа Посејдон (богот на морето) и Хад (богот на подземниот свет), како и неговата сестра Димитра (божица на земјоделството). Тука биле и неговите три сина: Аполон (бог на сонцето и музиката) , Арес (бог на војната) и Хермес (бог на уметноста, литературата и трговијата), како и неговите ќерки Афродита (божица на убавината), Артемида (божица на ловот) и Атена (божица на мудроста). Тука се наоѓала и љубоморната сопруга на Зевс - Хера (божица на бракот), а настрана се наоѓал и Хефест (бог на ковачката вештина) кој ги создавал молњите на Зевс. Постоела и друга ќерка на Зевс - Хестија (божица на срцето) која подоцна била заменета од Дионис (бог на виното). Боговите седеле на врвот на планината Олимп.