Емоција
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во психологија и вообичаена употреба, под емоција се подразбира внатрешната состојба на една личност, обично базирана врз или врзана за внатрешните (физички) и надворешни (социјални) сензорни чувства. Љубов, омраза, храброст, страв, радост, гадење и тага можат сите да се опишат и како психолошки и како физиолошки поими. Емоција е поим во кој мислата и физиологијата се испреплетени, и каде јас е неодделиво од нашите индивидуални согледувања на она што е вредно кај нас и другите.